Заев-Шчербак: Евроатланските аспирации на Македонија не се пречка за соработка со Русија
Македонскиот премиер Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија Олек Шербак на која тој дал поддршка за енергичните политики на премиерот што ја движат Македонија напред. Најавено е и унапредување на економската и културната соработка, соопшти владината служба за информирање.
На средбата на премиерот Заев и амбасадорот Шчербак било констатирано и дека евро-атлантските стремежи и определби на Република Македонија не се и не треба да бидат пречка за развој на билатералните односи помеѓу Македонија и Русија, особено што, како што било посочено, и кај двете држави постои став за одржлив систем на безбедност во светот, што е од меѓународно значење.
Рускиот амбасадор ја поздравил, како што рекол, енергичната посветеност на премиерот Заев и неговиот голем придонес кон демократските процеси што ја движат Македонија напред. Изразил почитување кон искрените и конструктивни политики на премиерот и на Владата, кои, како што посочил, водат кон евро-атлантски интеграции на Република Македонија, но и унапредување на односите со другите држави на полиња од заеднички интерес за граѓаните на земјите и за мирот во светот.
Заеднички било оценето дека отворените и посветени политики на премиерот Заев и на новата Влада создаваат услови за интензивирање на соработката помеѓу Република Македонија и Руската Федерација во областа на економијата, трговијата и инвестициите, земјоделството, енергетиката, транспортот, научно-техничката соработка и културата, што ќе се унапредува со меѓувладина и меѓупарламентарна соработка.
- Владата на Република Македонија е посветена на остварување на стратешките цели на државата ЕУ и НАТО, како и на градење пријателски односи со сите држави, меѓу кои и Руската Федерација на принципиелно демократско ниво. Фокусирани сме да обезбедиме добар животен стандард за граѓаните, повеќе работни места, повисоки плати, намалување на трошоците за живот, Македонија е земјоделска земја, со тоа и за земјоделски развој на државата и во таа насока е заинтересирана да се продлабочуваат односите со Руската Федерација, се вели во соопштението од Владата.
Заеднички е ставот на двајцата соговорници дека соработката меѓу пријателски држави е добра и во иднина ќе се надградува на такво прагматично и пријателско ниво.
Ново на Сител
-
Производителите на пченица бараат повисоки откупни цени – откупувачите не даваат
-
Тема на денот со Горан Благоев, верски аналитичар и историчар од Софија
-
Коце Трајановски нов директор на Државни патишта, СДСМ критикува
-
Чибишев и поднел пријава на Бесија Иљази зошто незаконски им исплатила 650.000 денари на договорците
-
Судскиот совет има напредок, но и уште многу работа - Реакции на меѓународната заедница
-
Радев: Мицкоски нема познавање од меѓународно и уставно право
-
Приватните превозници нема да возат, бараат исплата на долг од над 2 милиони евра
-
Ни волшебно стапче нема да помогне за учениците во седмо одделение да имаат нови учебници