Заев: Секој може да се надрасне себеси и да дејствува за доброто на заедницата
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска по повод Раѓањето Христово – Божик со сопругата Зорица го посети манастирот „Свети Леонтиј“ во струмичкото село Водоча.
– Секој од нас лично ја има можноста да го послуша гласот на совеста. Секој може да се надрасне себеси и уште поопределено да дејствува за доброто на заедницата, за доброто на децата и родителите, за семејството, за себе и секако за доброто на нашата земја во којашто живееме, работиме, твориме, учиме. Христовото раѓање потсетува на одговорноста пред која сме исправени, да стоиме искрено и храбро на страната на вистината, правдата, мирот и љубовта. Затоа, на Божик секој нека го почувствува огнот на светлината и топлината, што водат кон радоста и солидарноста. Христос се роди!, вели Заев во Божиќната порака објавена на неговиот ФБ профил.
Ново на Сител
-
21-ви „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Славјанка Петровска, пратеник
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за скандалот во АНБ
-
Тошковски: Обвинителството не реагира на поднесените пријави
-
Муцунски: Бараме предвидлив и доследен пат до ЕУ
-
На Македонците во Италија се уште не им се прифаќаат возачките дозволи со новото уставно име
-
Невработеноста паѓа. Расте и бројот на лице кои работат на црно
-
Македонија ќе остане без матични лекари ако не се донесе итно системско решение