Заев: Секој исчекор што ќе го направи мешовитата македонско-бугарска комисија ќе биде исчекор во решавање на проблемот
Секој исчекор што ќе го направи мешовитата македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања ќе биде исчекор кон изнаоѓање на решение на проблемот што го имаме со Бугарија. Секоја помош од трета страна е добредојдена, изјави премиерот Зоран Заев.
– Не можам да кажам кога е закажана. Имаше динамика објавена од министерот за надворешни работи. Не сум навистина информирам за оваа работа. Комисијата е независна, тие го информираат својот ресорен министер, да им посакам само успех. Нека се одржат седниците, нека направат одреден исчекор. За мене како претседател на Влада секогаш е добродојдена експертска помош од третата страна, затоа што сме решавале секаков вид на прашања и домашни и билатерални, па дури и меѓународни. Помошта од страна е добредојдена. На крајот, двете страни во Комисијата ја носат одлуката. Некој може да сподели експертиза, искуство, алатки, начини, памет на играта на зборовите каде што може да се најдат секако двете страни. Секој исчекор на Комисијата за историски и образовни прашања ќе биде исчекор кон изнаоѓање на решение на проблемот што го имаме со Бугарија, рече Заев на новинарско прашање по пуштањето во употреба на фотонапонска централа во Тетово, Општина Брвеница.
На 13. состанок на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија, кој се одржува денеска и утре онлајн, темите за кои разговараат историчарите се учебниците за седмо одделение, како и прашањето за ликот и делото на Гоце Делчев.
Ново на Сител
-

Антикорупциска добива нов претседател на местото на Татјана Димитровска
-

Министерот Алиу презентираше анализи за застапеноста на кадрот во овој сектор
-

Општините се фузираат за да превенираат пожари на отворено
-

Регионалниот развој, врвен приоритет за општините од Југоистокот
-

Преглед на вестите од светот
-

Генералниот секретар на ДКСК фаворит за нов претседател на Антикорупциска
-

Тема на денот со Тони Менкиноски, кандидат за судија во Стразбур
-

Бизнис форум за поголема економска соработка меѓу Македонија и Тајван
