Заев: Секогаш ќе правиме пријателски чекори кон соседите, но никогаш на сметка на нашите идентитет и достоинство
Секогаш ќе бидеме страна која прави пријателски чекори кои отвораат перспективи за меѓусебните односи со соседите, вклучувајќи ја и Бугарија, но никогаш за сметка на тоа нема да ги доведеме нашите идентитет и достоинство за кои никогаш нема да се преговара, а тоа е нашиот идентитет како Македонци кои говорат македонски јазик, истакна премиерот Заев во интервју за радиото Канал 77.
„Јас ги разбирам граѓаните и нивните реакции, ама лидерите се тука за да решаваат тешки прашања. Јас правам пријателски чекори кои отвораат перспективи, во нашиот случај европските перспективи и иднина“, нагласи премиерот Заев.
Претседателот на Владата Заев рече дека со Република Бугарија се постојано отворени каналите за комуникацијата и интензивно се разговара за прашањата што се актуелизираа и што се поставуваат како пречка за согласноста за усвојување на преговарачката рамка за Република Македонија за почеток на преговорите за членство во ЕУ.
„Разговараме за говорот на омраза, разговараме за патоказот за имплементацијата на Договорот меѓу двете земји. Треба да постигнеме повеќе на планот на економската соработка, да поттикнеме многу повеќе од она што до сега е постигнато, а не е малку. Имаме инвестиции од наши компании во Бугарија. Од Бугарија имаме 13 инвестиции, меѓу кои и најновите кои покажаа интерес за инвестиции во енергетиката“, рече премиерот Заев.
Ново на Сител
-
Трамп: Денешниот разговор меѓу Путин и Виткоф постигна голем напредок
-
Јаневска: Учениците и родителите да бидат спокојни, учебници ќе има
-
Новата фудалска сезона во Македонија ќе стартува со ВАР системот
-
Сиљановска-Давкова прими претставници на граѓанската иницијатива „Збогум Буково“
-
Кремљ: Тричасовната средба меѓу Виткоф и Путин беше „корисна и конструктивна“
-
Возило изгоре на паркинг во Велес
-
Контрола на УЈП за фискализацијата, неправилности кај 30 отсто од субјектите, четири затворени
-
Утре сончево со умерена облачност и пораст на дневните температури