Заев: Сега е најдобриот момент да се изнајде решение за името
Мислам дека сега е најдобриот и неповторлив момент да се изнајде решение за долгогодишниот проблем за името, изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање по завршувањето на денешното рочиште за „Поткуп“.
- Очекувам најмалку на маргините на Самитот за Западен Балкан во Софија да се видам со грчкиот премиер Ципрас и да ги искоментираме досегашните постигнувања помеѓу двајцата министри, а можеби ќе бидеме и похрабри во нашата креатива не велам не, но во секој случај вредно е да се обидеме до самиот крај. Јас давам шанса на процесот, истакна Заев.
Тој посочи дека секогаш информира доколку има нешто ново во врска со проблемот што Грција го има со нашето уставно име и оти во последно време нема некои новости што би ги споделиле со јавноста.
Потсети дека наближуваат Самитот во Софија и Европскиот совет и тоа, како што додаде, во најмала рака е обид барем до тие датуми да се изнајде решение.
- Верувам дека следниот викенд ќе може искрено и отворено со одредени алтернативи и креативни решенија кои што доаѓаат и од наша и од грчка страна да ги доближиме позициите, рече Заев.
Ново на Сител
-
Омерагиќ: Приходот од влезниците за мечот со Велс ќе биде дониран за настраданите во Кочани
-
Тринаесет лица повредени во Париз во потера по автомобил кој одбил да застане
-
Ромската фондација за Европа одлучи да донира 10.000 евра за поддршка на семејствата на жртвите во пожарот во Кочани
-
Модриќ сака да остане во Реал Мадрид уште една година и да се пензионира во дресот на „белите“
-
Папата Франциск утре ќе биде пуштен од болница
-
Почина Светлана, внуката на Јосип Броз Тито
-
Фудбалерите оддадоа почит
-
Томовски: По 150.000 денари итна помош за секој настрадан за првични секојдневни трошоци