Заев се сретна со Роберт де Хроут
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска се сретна со Роберт де Хроут, генерален директор за европска соработка и заменик-министер во Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија.
На средбата, како што соопшти СДСМ, станало збор за актуелната политичка состојба во земјава и продлабочувањето на кризата по одлуката за аболиција од страна на Ѓорге Иванов.
СДСМ, како што посочил Заев, останува на принципиелните ставови и посветена на процесите за враќање на слободата, демократијата и правдата во Република Македонија.
- Во Македонија мора да се вратат правдата, слободата, демократијата, владеењето на правото и европските вредности. Секој што го прекршил законот мора да одговара, тоа е демократско начело... Аболицијата мора да се укине за сите, а не само за поединци, истакнал Заев.
Според него, само со целосно прочистување на Избирачкиот список, реформи во медиумите и одвојување на државата од партијата може да има регуларни избори во земјава.
Хроут и Заев се согласиле дека Македонија што поскоро треба да го продолжи патот кон ЕУ и НАТО, а тоа е возможно исклучиво преку слободни, фер и деморкатски избори.
Ново на Сител
-
Зеленски и Трамп на средба во Белата куќа
-
Тема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-
Зеленски средба со Трамп во Белата куќа
-
Мицкоски и Ердоган потпишаа договор за формирање совет за соработка на највисоко ниво
-
Странските инвестиции лани надминаа милијарда евра
-
СДСМ бара оставка од Кочоска - Министерката која понижува граѓани не заслужува да раководи со институција
-
Владиниот предлог за разрешување на државниот Јавен Обвинител се уште патува до Судскиот Совет
-
Екс-директорот на Шутка не заврши во Шутка