Климатските промени го загрозуваат пчеларството
Климатските промени се повеќе негативно влијаат на состојбата и развојот на пчеларството, а производството на мед од година во година опаѓа. Иако побарувачка има, зголемување на производството моментално не е возможно поради нестабилните временски услови и загубите кај пчелните семејства, велат од пчеласката задруга Пчелин рај од Струмица.
Просечниот принос по кошница паднал под 10 килограми, што не ги покрива ни основните трошоци, а нестандардните зимски температури ги збунуваат пчелите и ја трошат нивната енергија и залихите на мед, што резултира со намалување на семејствата.
Пчеларите сметаат дека е потребна и промена во распределбата на субвенциите, за средствата да стигнат кај вистинските пчелари, и предлагаат вклучување на здруженијата во процесот и воведување проектна поддршка наместо субвенции по број на кошници.
Без системски промени и поефикасна поддршка, пчеларството ќе продолжи да опаѓа, велат од здруженијата, а дел од професионалците ќе бидат принудени да ја напуштат оваа дејност.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
