Заев: Се постапува за дивоградбите во Охрид и на Матка
Со решение на инспектор, стопирани се двете градби во Охрид, едната сред брегот на езерото и другата во центарот на градот, зад кои стои советник од Општината.
Како што рече денеска премиерот Зоран Заев одговорајќи на новинарски прашања, се постапува и по однос на дивоградбите на Матка.
– Решението е издадено, следува процес на извршување. Законот мора да важи еднакво за сите. Ако не постапи Општината, ќе постапи државата. Тоа не е само поради УНЕСКО, туку и поради законите во земјава кои треба да се почитуваат, истакна Заев, по отворањето на новиот погон за месни преработки во Глумово, Општина Сарај.
Според него, се уште можеби се гради зашто институциите треба да постапат по решението, но ако некој не го почитува решението, ќе следува кривина одгоровност.
– Како што и тогаш се изјаснив за платформите, за една има судски спор. Деновие Министерство за траспорт не извести да бидеме претпазливи, да не постапуваме набрзина зашто има двостепеност. Се разбира, согласно законите, ќе се реши и ова прашање, рече градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети.
Ново на Сител
-
Крива Паланка платила 25.000 евра за настапот на Северина, Розга добила 42.000 евра за настапи во Берово и Штип
-
Јапонец осуден на две години затвор за кражба на 200 кг млад кромид
-
Во период од пет минути кражби во две банки во атинска населба
-
Претрес во Кочани, пронајдена дрога
-
Кривична пријава против управителот и правното лице Балкан Марбле Индустриес за „даночно затајување“
-
Поради дефект без вода дел од Сопиште
-
Халкбанк ја започнува акцијата „Еден милион садници за пет години“
-
Украина истрела 84 дронови и 13 ракети врз руската област Ростов