Заев се надева на брзо решение за спорот со името
Премиерот Зоран Заев изјави оти се надева на брзо решение на спорот со името што Македонија го има со Грција и кажа дека верува оти во овој процес е постигнат напредок.
Заев на прес-конференцијата во Владата по објавувањето на Извештајот на ЕК во кој Македонија доби чиста препорака, одговарајќи на новинарско прашање рече дека еврокомесарот Јоханес Хан, но и граѓаните се добро информирани дека навистина има напредок во овој процес и дека тоа е поразлично од кога било претходно.
- Тоа ни дава силна желба, волја, оптимизам да продолжиме во наредните недели што се пред нас, рече Заев, додавајќи дека може да бидат две недели, или пак шест недели, но дека ќе се прават напори решение за спорот за името да се изнајде пред самитот на ЕУ во јуни кога ќе се носи и одлуката за датум за преговори.
Знаеме, потенцира тој, дека е многу важно да се реши ова прашање кое веројатно е последното отворено билатерално прашање што го има Македонија, секако водејќи грижа, како што кажа, за достоинството и идентитетот.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Филипче направи грешка што не отиде на лидерска
-

Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Вработени во УЈП и сопственици на фирми испумпале скоро 5 милиони евра државни пари
-

Мицкоски: Законските измени за „Safe Сity“, ќе се гласаат на наредната седница во Парламентот
-

Јавна расправа за измените на КЗ во Парламентот
-

Mицкоски: Наскоро добри вести од САД
-

Владата одобри 10 илјади работни дозволи за странски работници
-

Нема одложување на второто полугодие – учениците се враќаат на настава во вторник
