Заев: СДСМ ќе продолжи да биде посветена на реализација на економски политики кои носат економски раст, нови работни места, уште повисоки плати
Поттикнување и кревање на мотивацијата на нашите граѓани е петтиот столб од Програмата – „Нова политика, СДСМ прв во промените“. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е државотворната партија и гарантот за сигурна иднина на нашата современа татковина, напиша на својот фејсбук профил лидерот на оваа партија и премиер Зоран Заев.
СДСМ, посочува Заев, ќе продолжи да биде посветена на креирање и реализација на економски политики кои повторно носат економски раст, нови работни места, уште повисоки плати и развојна македонска економија.
СДСМ победува, но постојано се менува и се подобрува. Јас велам се менуваме, се подобруваме за подобро да им служиме на граѓаните, на државата. Така и ќе продолжиме да работиме и да се движиме по вистинскиот пат. Да ја потврдиме македонската иднина кон која се стремиме, иднина во која приоритетни се граѓаните, економијата, демократијата и државата, напиша Заев.
Ново на Сител
-
Павловски: Македонија треба да биде прва во Европа по крипто бизнисот за да се развие
-
Таравари го свика партиското раководство
-
Тема на денот со Крис Павловски
-
Таравари на излезна врата - Ќе го следат ли сите пратеници
-
Кошта во посета на Западен Балкан
-
Напредок има, но другите земји растат побрзо од нас - Корупцијата е најголем проблем!
-
Пресудата за пожарот во модуларната болница во петок
-
ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Филипче молчи за златната виза?