Заев: Растот на БДП под очекувањата, но може да се оствари планираната годишна стапка од 3,8 отсто
Растот на БДП во третиот квартал од 3,6 отсто, што го објави Државниот завод за статистика, за премиерот Зоран Заев е под неговите очекувања за раст од четири отсто, но смета дека до крајот на годината доколку во четвриот квартал има раст над четири отсто, може да се оствари планираниот раст од 3,8 отсто за годинава.
-Според мене, 3,6 отсто раст на БДП е малку под моите очекувања. Јас очекував дека ќе биде четири проценти во третиот квартал, но веројатно одредени перформанси не ги дале очекувањата. Се водев од растот на индустриското производство кое беше 9,8 отсто, па 5,6 отсто, па последниот 4,4 отсто, но секако и другите дејности не ги дале очекуваните резултати. Но 3,6 отсто во третиот квартал, на завршено прво полугодие со 3,6 отсто, значи имаме просек од 3,6 отсто раст во три квартали. Проектирано е 3,8 отсто и ако постигнеме последниот, четвртиот квартал нешто над четири ќе го исполниме очекувањето од 3,8 отсто раст, изјави премиерот во одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата за проектот за поставување фотоволтаици на јавни објекти.
Потенцира дека, сепак, може да бидеме задоволни имајќи предвид дека европските земји имаат раст од 0,5 отсто, 0,7 отсто, еден…
– Верувам дека нашиот низок економски стандард, компатабилноста на ресурсите што ги имаме овде, природните ресурси, географската локација, инженерските капацитети, кои стојат на располагање треба да ги доискористиме до максимум за да имаме и уште повеќе инвестиции во државата, но секако и се поголем капитален развој во државата заради тоа што БДП на крајот има своја рефлексија во буџетот за да може државата да инвестира и во човечкиот фактор, да го помагаме и стопанството, да инвестираме во еколошки проекти, рече премиерот.
Тој додаде дека севкупните инвестиции во државата се реализираат на планираното ниво и дека е важен придонесот на државата и во делот на капиталните инвестиции оти сето тоа е помош и поддршка, додавајќи ги и корегираните конечни проекти какоавтопатот Кичево-Охрид кои даваат придонес во градежништвото, во нискоградбата.
Ново на Сител
-
Ангелов: Активен тежок пожар во ловиштето „Јасен“, дејствуваат два полициски и еден армиски хеликоптер
-
Во Албанија активни 30 пожари, пет се најкритични
-
Лото - игра на среќа со семејна традиција, ритуал во кој среќните броеви ни поттикнуваат надеж
-
Уапсен 19-годишник во Куманово, со него затекнато 14-годишно девојче пријавено за исчезнато
-
Приведени двајца росоманци, пријавени за закани кон градоначалник на Кавадарци и неговото семејство
-
44-годишник си ја истепал сопругата и нејзиниот малолетен син
-
Во сообраќајка на патот Куманово-Свети Николе, повредени неколку лица меѓу нив и тримесечно бебе
-
ЈП Водовод и канализација: Апел до скопјани за рационално користење на водата за пиење