Заев: Продолжуваме во остварување на непосредната демократија
Следуваат локални избори на кои граѓаните директно ќе одлучат на кого ќе му ја доверат довербата. Ќе обезбедиме услови за фер и демократски избори за сите граѓани на нашава земја директно да ја практикуваат најголемата придобивка на демократијата – да одлучат за себе, порача премиерот Зоран Заев во видео обраќањето по повод 15 Септември, Меѓународинот ден демократијата.
- Секој глас е важен затоа што политиките кои ќе бидат креирани на локално ниво ги засегаат сите граѓаните од општините на Македонија. Ја користам оваа прилика да ги повикам сите граѓани на Република Македонија да го искористат своето право на глас на локалните избори на 15 октомври. Продолжуваме во остварување на непосредната демократија, рече Заев.
Нагласи дека Организацијата на Обединетите нации по чиј мандат се одбележува овој ден утврди дека темата за 2017 година е „Демократијата и превенцијата на конфликти“.
- Од „зградата на светот“, пораката која ја пренесуваат владите е дека сите земји мора да работат на зајакнување на демократските институции кои ќе овозможат промоција на мир и стабилност. Ние, во Македонија ова добро го знаеме. Ги учиме лекциите од непријатните моменти и конфликти кои ја загрозуваа демократијата во минатото. Денес слободно можеме да кажеме дека сите ние, граѓаните на Македонија, заедно успеавме - ја одбранивме демократијата во Македонија. Македонија е слободна, потенцира Заев.
Слободна и демократска земја, додаде, значи и демократска поделба на власта.
- Република Македонија го одбра концептот на поделба на власта на законодавна, извршна и судска, кои не смеат да се преклопуваат, што е механизам кој мора да се почитува за да се ограничи државната власт и за да се заштитат човековите права и слободи, прецизира премиерот Заев.
.be
Ново на Сител
-
Тема на денот со Д-Р Дејан Докиќ, специјалист пулмоалерголог од клиниката за пулмологија и алергологија
-
10 жртви во пожарите во Лос Анџелес
-
Пет интерпелации на денешната собраниска седница
-
Тошковски: Повторно го повикувам Груби доброволно да се врати во Македонија и да ја докаже својата невиност
-
Избришано видеото со Ахмети во униформа на УЧК
-
Министерството го вклучи алармот за загадениот воздух
-
СДСМ: Власта да не го игнорира загадувањето
-
Грипот и респираторниот синцицијален вирус ја наполнија клиниката “Козле” со болни деца