Заев: Процедурална грешка го врати „Поткуп“ во Основниот суд
Поради процедурална грешка случајот „Поткуп“ е повторно вратен во Основниот суд - Скопје 1. Не е одлучено за видео-снимката, дали да се тргне или не, но јас сакам да биде комплетно објавена, изјави денеска премиерот Зоран Заев.
Одговорајќи на новинарски прашања по средбата со децата од СОС Детско село и Домот „11 Октомври“, Заев напомена дека за причината за враќањето на „Поткуп“ во Судот, е информиран од неговиот адвокат.
- Поднесовме барање снимката да биде тргната зашто е посебна истражна (ПИ) мерка која е јавно објавена, што е недозволиво. Согласно законот, сите ПИ мерки кои морало да бидат чувани, а се јавно објавени, бараме да не се користат како докази, потенцира Заев.
Премиерот вели дека се што е направено во однос на изборот на членовите на надзорниот одбор во М - НАВ е во рамки на законот.
Според Заев, се случуваат грешки при административното работење, а упатствата за поправка се јасни.
- Се прешкртува, се обележува со мастило, се става печат и потпис на тоа што е конечно. Тоа е навремено спроведено, не влијаело никако на забраната пред локалните избори и немало никакви ефекти врз носењето на одлуките коишто следувале после тоа. Тоа само ја докажува транспарентноста во работењето, рече Заев.
Образложи и дека вчерашната владина одлука за задолжувањето дома, е вообичаено за да може да функционира Министерството за финансии по носењето на Буџетот за следната година. Со парите се враќаат доспеаните краткорочни позајмици на домашниот пазар.
Во врска со концесиите за геолошките истражувања, Заев рече дека граѓаните имаат право да поднесуваат барања, но, поради загаденоста, има вид мораториум околу скопскиот и дргуите региони.
Ново на Сител
-
Известителката на ПССЕ длабоко загрижена за ескалацијата на тензиите во Србија
-
Сончево и топло до 38 степени
-
Попладнево избувна голем пожар кај валандовско Грчиште, изгорени неколку штали
-
Трамп за Маск: Можеби ќе го депортирам, можеби ќе му го пуштам „DOGE“
-
Германија финансира дронови за Украина
-
Зеленски одликува 226 украински војници
-
ЕК демантира дека Фон Дер Лајен имала „долг“ разговор со Вучиќ
-
Србија заостанува зад другите кандидати за членство во ЕУ, тврди данската министерка за надворешни работи