Заев: Постои сериозна политичката волја и подготвеност за справување со корупцијата

Денеска е Меѓународен ден за борба против корупцијата, ден кога нагласено потсетуваме дека случаите на корупција се најподмолните закани за општеството, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.
-Денес постои сериозна политичката волја и подготвеност за справување со корупцијата во нашата земја, верувам, како никогаш до сега. Тоа го докажавме во повеќе случаи кога во јавноста беа покренати сомневања за судир на интереси или несовесно работење кои ја отвораат портата за корупција. Бескомпромисна борба против корупцијата ќе постигнеме само со транспарентни и отчетни институции. Такви мора мора да бидат сите институции, вклучително и тие во судството и обвинителството. Со храбра антикорупциска комисија како што имаме сега, сите институции треба да покажат отпор кон корупцијата и кон конфликтот на интереси, вели премиерот.
Ако за тоа нема волја, или ако антикорупциските механизми се попречени на било кој начин, како што посочува Заев, оваа општествена болест ќе ги опфати сите витални делови на заедницата и ќе биде закана за нејзиниот развој.
-Затоа е важно да започне постапката на проверка на имотот на судиите и обвинителите, колку може поскоро. Важно е да се утврдат конфликтите на интереси и во правосудството. Секој судија и обвинител треба да ги декларира сите адвокати, правни застапници и обвинители од своето опкружување со кои на било кој начин се поврзани, или биле поврзани, во судските постапки што ги воделе. Само со ангажираност и подготвеност на сите институции ќе успееме да ја запреме корупцијата, напиша премиерот Заев на својот Фејсбук профил.
Ново на Сител
-

Кремљ ги отфрли шпекулациите за раздор меѓу Путин и Лавров
-

Српско МВР: Приведени неколку луѓе во врска со случајот „уфрлени снајперисти“
-

Зеленски: Орбан нема да го запре движењето на Украина кон ЕУ, исто како што Русија не успеа
-

Ѓоковиќ прв финалист во Атина
-

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи
-

Цената на преспанското јаболко со Цветан Трипуновски | Неформално | Sitel Podcast 122
-

Полициски службеник ја заменил урината на својот приведен син, кривична за техничар кој му овозможил пристап до доказите
-

Триесет дневен притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата, за едно лице одреден куќен притвор
