Заев: Осудувам секаков вид насилство

- Она што го знам од државните институции и после разговорите на министерот со полицајката, прво осудувам секаков вид на насилство, макар и вербално. Станува збор за омаловажување, навредување и не се работи за некој физички контакт, но и за тоа е поднесено соодветна пријава против лицето кое што тоа го направило, изјави премиерот Заев, одговарајќи на прашање како го коментира случајот со полицајката.
Додаде дека во Куманово се поради жените кои ја даваат силата и храброста на мажите и дека жените во општеството треба да бидат позаштитени од мажите.
- Зборувајќи во духот на Осми март, во духот на правото на жената и еднакви можности секаков вид насилство, па макар и вербално треба да се санкционира и казни, изјави премиерот.
Запрашан кога се очекува да дојде во Македонија шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас за спорот со името, потенцираше дека тоа ќе го договорат двјцата министри заедно.
Одговарајќи на новинарско прашање кое од двете крила на движењето Беса е поподготвено за влез во Владата, Заев рече дека разговара со политички претставници на политички партии и изрази надеж дека во Беса правно ќе се расчистат работите.
- Добар пријател сум како со Касами, така и со Гаши. Апсолтуно немамаме намера да се мешаме во внатршените работи. Јас сакам да соработуваме, тоа го најавив многу порано. Се надевам дека после правните процеси, сепак, ќе можеме обединето да разговараме со Беса заради тоа што искрено посакувам соработка со сите политички партии во Македонија, изјави Заев.
За тоа дали има можност Села повторно да влезе во Владата, премиерот Заев рече дека сака да разговара со сите, но дека мора да се верува во вредности, принципи, да се понудат секогаш квалитетни кадри, да и се даде шанса на секоја, па и на најмалата политичка партија, за да добијат граѓаните.
Тој рече дека на маршот настапиле уметници од различни заедници и учествувале жени од сите етички заедници и дека се спсплотени во духот на едно општество за сите,
- Ние се гордееме со тоа. Предрасудите во Македонија се тргнати настрана и верувам дека овој концепт што е капитал на оваа наша мултиетничка Македонија ќе биде наша предност со тоа што ќе придонесе во вкупното унапредување на квалитетот на животот на сите граѓани во Македонија, изјави премиерот Зоран Заев
Ново на Сител
-
Вучиќ изјави дека ќе бидат распишани вонредни избори, но не прецизираше датум
-
СЗО: Глад и болести се шират во Судан, 25 милиони луѓе загрозени поради недостиг од храна
-
Жител на тетовско осомничен за задоволување полови страсти на јавно место
-
Поради сообраќајка во прекин регионалниот пат Маврови Анови - Дебар
-
Кривична за четири лица за тешка кражба, нанеле штета од над 10 милиони денари на ЈП за железничка инфрастрактура
-
Приведени две лица од Неготино, одзеле 30.000 евра од дом на брачен пар
-
Германија го запира извозот на воена опрема во Израел и повикува на прекин на огнот во Газа
-
76-годишна жена измамена за 20.000 евра - и кажале дека ќерка и била прегазена, биле потребни пари за операција