Заев: Очекувам победа во прв круг во 30 општини
Верувам во победа на локалните избори прво заради тоа што ги имаме најдобрите кандидати, второ заради најшироката коалиција, трето заради тоа што ги имаме најдобрите програми и четврто, заради тоа што водиме на анкети, истакна вечерва претседателот на СДСМ Зоран Заев во интервју за Дневникот на Сител Телевизија.
„На анкетата на ИРИ СДСМ има 19 осто, ВМРО-ДПМНЕ 16 отсто, потоа излзе анкетата на Брима каде СДСМ има 18,9 а ВМРО-ДПМНЕ 16,3 отсто рејтниг. Резултатот во победата ќе биде подобар од тоа што беше на парламентарните избори. Јас очекувам прв круг победа во Град Скопје, победа во прв круг во 30 општини што е поприлично видлива победа каде што конкурираме директно со нашиот опонент. Сето тоа ќе значи потврда и верификација на ваквите политики и поддржување на стабилен период. Период на фокус на економски стандард, на работни места, на повисоки плати сите други вкупно крупни политики што досега се донесени на крајот на денот се заради економија. Имаме 2,5 години пред нас на кој можеме да се фокусираме за да ги направиме граѓаните победници, победници кои ќе значат со повисоки примања, со подобар амбиент на живеење во нашата земја“, рече Заев.
Ново на Сител
-

За 24 часа уапсени две лица за семејно насилство и вкупно четири пријави
-

Утре во Скопје посебен режим на сообраќај поради атлетска трка
-

Побаран притвор за осомничениот 53-годишник од тетовска Брвеница
-

Хуманитарен Велигденски саем – Македонски Каритас
-

По сомнеж од мајката, при преглед на ГАК откриена бременост кај 14-годишно девојче
-

Приведен 30-годишен велешанец, украл телевизор од домот на сограѓанин
-

26-годишник од с.Волково повреден со остар предмет при расправа за паркинг
-

Две лица од Крива Паланка, едниот од нив малолетник, физички нападнале службени лица од АХВ
