Заев: Очекувам конкретна поддршка од Бугарија за нашата евроинтеграција

Премиерот Зоран Заев очекува дека Бугарија ќе покаже конкретна поддршка во Совет за општи работи и во Европскиот совет затоа што, како што рече, тие искрено сакаат да не поддржат и имаат обврска со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка. Тој смета дека нивната намера е да го градиме пријателството во нагорна линија.
– Бугарија е еден од најголемите пријатели на Република Северна Македонија. Кога политичарите имаат избори се може да се случи, но тоа секако не го намалува нашето пријателство. Нормално, тие очекуваат да се постигне повеќе во имплемнтацијата на Договорот што го постигнавме. Кога го потпишавме Договорот, кога заедно прифативме дека заеднички ја делиме нашата историјата, секако ние имаме сопствена историја, но дел од оваа историја ја споделуваме. Имајќи го тоа предвид, се согласивме прифаќајки го тоа, тие ја презедоа овбрската да не подржат во ЕУ и НАТО интегративните процеси, изјави Заев на конференцијата на почесни конзули на Република Северна Македонија акредитирани во странство, во организација на Министерството за надворешни работи.
Заев потсети дека Бугарија беше една од првите држави што го ратификуваше договорот за пристапување кон НАТО.
– И сега очекувам тие да бидат една од оние земји кои ќе се залагаат повеќе за нас, повеќе од другите земји во Европскиот совет. Преку овој Договор се досега најдовме решение за шест историски личности и четири историски периоди сега доаѓа петиот период и не е лесно за петтиот период но тоа не значи дека нема да најдеме решение, рече Зав пред почесните конзулите во МНР.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците
-

Нема обвинети за модуларните болници - набавките биле законски, буџетот не бил оштетен
-

Санкционирањето на странци преку Сејф сити создаде километарски колони на Табановце
-

Четири нови случаи со западнонилска треска во Скопје - бројката на инфицирани достигна 42-ца
-

Пожарот во Мариово се уште критичен, активни се уште 7
-

ДУИ бара предвремени избори
-

Амбасадорскиот совет: ЕУ интеграција, заштита на националните интереси и економска дипломатија
-

И годинава ќе има „училишна кошничка“: Владата ќе го спречува поскапувањето на школскиот прибор
