Пожарот во Мариово се уште критичен, активни се уште 7
Пожарот во Мариово и натаму е најкритичен. Огнената стихија околу селото Чаниште се протега во повеќе правци. Активни се 8 пожари Надлежните предупредуваат дека и покрај ангажманот на сите ресурси, борбата со огнената стихија бара целосна промена на пристапот. Високите температури ќе ја влошуваат состојбата со пожарите, од ДЗС апелираат на голема внимателност кај граѓаните.
Иако јавноста очекува спас од воздухопловите, од Кризниот штаб укажуваат дека авионите и хеликоптерите не се магично решение за вакви терени. Ангелов апелира до граѓаните да ги косат земјиштата, да ги употребат тракторите и мотиките и да го обезбедат просторот.
-И да имаме сега 20 хеликоптери, нема да го изгаснеме Мариово. Мора да се приспособиме на новата реалност, бидејќи пожарите нема да се намалуваат. Треба да се развива свеста кај граѓаните и да се прават бедеми, односно појаси за заштита на населените места. Кога имате сува трева до колена во дворот, трошиме ресурси да браниме една куќа, а ни недостигаат луѓе таму каде што е главниот пожар.
Испразнетите села, намалената сточарска активност и неоджуваните противпожарни појаси создаваат огромна количина горлив материјал низ целата држава. Доколку не се промени стратегијата и личната одговорност за чистење на имотите, Ангелов предупредува дека последиците од пожарите во иднина ќе бидат се потешки.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
