Заев: Нормално дека БЕСА се уште е дел од Владата, оставките не се верификувани
Оставките на функционерите на Движењето БЕСА се уште не се верификувани, што априори значи дека тие се уште се дел од Владата, вели премиерот Зоран Заев во изјава за „Слободен печат“.
– Нормално дека БЕСА е дел од Владата. Собранието ја нема констатирано оставката на министерот Арјанит Хоџа, ниту пак на другите раководни лица од БЕСА. Затоа и логично е да каже дека се дел од влада, изјави Заев.
Дека БЕСА се уште е дел од Владата, смета и пратеникот Кастриот Реџепи, кој не се појави на собраниската седница на 11 ноември за гласање доверба на Владата.
– Движењето БЕСА не е излезено од Владата, бидејќи нема одлука. Ниту се влегува во Влада, ниту се излегува со изјава, прес или Фејсбук статус. Јас сум потпретседател на БЕСА и знам кој е органот што одлучува. Исклучување на коалиции врши Централниот одбор, кога ќе реши Централниот одбор дека Движењето БЕСА не е дел од мнозинстото, тогаш и јас како член на БЕСА треба да размислам за да ја почитувам таа одлука. Во моментот, органот што има мандат да решава е Централниот одбор, и движењето БЕСА е во владината коалиција, изјави вчера Реџепи, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Собранието.
Оставки од функциите, на 12 ноември поднесоа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа заедно до двајцата заменици-министри од движењето Беса.
Оставките, како што изјави тогаш Хоџа, ги поднеле како морален чин и почитување на органите на движењето Беса.
– Поднесувам оставка од функцијата министер заедно со двајцата заменици министри бидејќи не можеме да го идентификуваме нашето политичко дејствување како движење БЕСА со коалиционен партнер за кој јасно се гледа дека го користи секое недемократско дејствување со единствена цел да остане на власт. Ако во 2016 година беше соборен режим, а другиот дел од режимот не беше соборен, туку доби шанса да се реформира, денес после пет години, се докажа дека не само што не се реформирани, туку ги усовршиле своите методи на класичен режим, изјави Хоџа.
Ново на Сител
-
Фон дер Лајен го најави 19-от пакет санкции против Русија по синоќешниот ракетен напад врз Киев
-
МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата
-
Почина возач откако излетал од патот кај селото Облешево
-
На Табановце се чека околу 30 минути
-
Унгарија ја тужи ЕУ за користење на каматата од замрзнатите руски средства за помош на Украина
-
Еден починат и тројца повредени во сообраќајка кај Градско
-
Трамп сака да го ограничи времетраењето на визите за странски новинари и студенти
-
Во изминатото деноноќие приведени три лица за управување со возило под дејство на алкохол