Заев: Ниту еден министер нема примено вакцина, сите чекаат ред
Најодговорно тврдам дека ниту еден министер, вклучително и министерот за здравство кој е здравствен работник, нема примено вакцина. Сите сме пријавени на апликацијата за вакцина и го чекаме нашиот ред, согласно планот за масовна вакцинација на населението, изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашање по пристигнувањето на нови вакцини од Србија.
Во однос на тоа зошто не се објавуваат јавно лицата кои досега примиле вакцина, Заев рече дека, тие немаат проблем со тоа, доколку самиот систем може да ги заштити личните права на граѓаните.
– Не смееме да дозволиме заради какви било лажни вести, кои се присутни насекаде, да нарушиме одредени човекови или здравствени права на граѓаните. Ако системот тоа го дозволува, ќе кажам на институциите и тоа ќе го направиме, а, ако не дозволува, тогаш секој функционер може поединечно да се изјасни и каже, изјави Заев.
За тоа која вакцина би ја примил, Заев рече дека, која вакцина ќе дојде на ред, таа би ја примил.
– Верувам во сите вакцини и сакам да го охрабрам нашиот народ. Дефинитивно треба да ја прифатиме секоја вакцина, како доаѓа редот и протоколот. Кога ќе дојдеме на ред, јас, моето семејство, колегите од Владата, која вакцина ќе биде на ред, таа, вакцина ќе ја примиме, изајви Заев.
Денеска пристигна втората донација од Србија, два пати по 20 000 вакцини од „Спутник В“.
Ново на Сител
-

Над 60 дoмаќинства без покрив над глава по излевањето на Зајаска Река во Кичево
-

Доколку Радев стане премиер на Бугарија, се очекува уште позаострен дијалог со Македонија
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Кичево под вода
-

Партиски игри го кочат стартот на анкетната комисија
-

Касами, Меџити, Сали и Фетаи се поблиску до формирање на партија ВРЕДИ
-

СДСМ бара повлекување на законот, ВМРО-ДПМНЕ тврди се прават реформи за поправање на грешките од минатото
-

Камионџиите чекаат решение од ЕУ: Времената мерка може да го олесни престојот
