Македонија
15. January 2021 - 19:24

Заев: Ние, мажите не смееме да бидеме неми сведоци на насилството врз жените и девојчињата

Гласот и силата на мажите треба да бидат насочени кон искоренување на домашно насилство, сексуалното вознемирување, силување, присилен брак и сите други форми на родово базирано насилство, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

-Ние, мажите не смееме да бидеме неми сведоци на насилството врз жените и девојчињата! Нашите глас и сила треба да бидат насочени кон искоренување на домашно насилство, сексуалното вознемирување, силување, присилен брак и сите други форми на родово базирано насилство. Мажите треба и мора да направат повеќе! Мораме да го осудиме секое насилство сѐ додека не развиеме култура во којашто насилството врз жените и девојчињата е неприфатливо. Затоа како маж, син, сопруг, татко, колега велам: #MenMustDoMore#MaжитеМораДаНаправатПовеќе!, објави премиерот Заев на ФБ.

Ние, мажите не смееме да бидеме неми сведоци на насилството врз жените и девојчињата! Нашите глас и сила треба да бидат...

Posted by Zoran Zaev on Friday, January 15, 2021