Заев: Нема докази за слабост во поставувањето на полицијата во акцијата во угостителските објекти
До денес нема докази за слабости во постапувањето на полицијата во акцијата што беше спроведена за време на викендот во дел од угостителските објекти, изјави денеска од собраниската говорница премиерот Зоран Заев.
Одговарајќи на пратеничко прашање поставено од опозицијата, Заев рече дека должност на институциите е да ја обезбедат безбедноста на граѓаните и оти доколку се утврди слабост во делот на поставувањето на полицијата, ќе бидат санкционирани ваквите појави.
- Внимателно слушаме и ако има слабост во делот на поставувањето на полицијата, Ве уверувам дека ќе бидат санкционирани ваквите слабости. До денес нема доказ за вакви слабости, нагласи Заев.
Тој посочи дека во акцијата спроведена за време на викендот во дел од објектите пронајдени се оружје и опојни дроги.
- Точно е дека има реакции. Има реакции и од пратеници од парламентарното мнозинство, но тоа е доказ дека законот важи подедакво за сите. Испративме јасен апел да ги дадат своите забелешки сопствениците и менаџерите на објектите и граѓаните кои се затекнале во тие објекти, рече Заев.
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава