Заев: Не смееме да дозволиме несериозност и во следните десет години да немаме попис
Не смееме да дозволиме несериозност и во следните десет години да немаме попис. Ако сме држава којашто 20 години нема попис, тоа треба да го направиме час поскоро. Убеден сум дека ќе имаме успешен попис од 1 до 21 април, онака како што е предвидено, изјави денеска во Пробишти премиерот Зоран Заев, на прашањето да ја искоментира иницијативата на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ за собирање потписи за поништување на Законот за попис.
Премиерот вели дека Законот е согласно Евростат и согласно сите меѓународни стандарди и оти се работи за статистичка операција, додавајќи дека секаков вид блокирање, секое одвраќање на вниманието на граѓаните или ставање во неизвесност, не е ни малку патриотски чин кон државата.
-Очекувам од опозициската најголема партија будно да го следи процесот и да ги мотивира граѓаните сите да се приклучат затоа што само така е исправно и убеден сум дека ако одложиме до есен, тогаш ниту кампања не можеме, следната година влегуваме во 2022 година, можеби ќе биде непредвидлива никој не може да каже што ќе се случува. Се е подготвено за одржување на пописот, рече Заев.
Изрази уверување дека ќе преовлада трезвеноста, одговорноста и зрелоста пред кај сите граѓани, а најмногу кај политичарите во државата.
Со поставени штандови на отворено низ градовите во земјава, ВМРО-ДПМНЕ вчера започна иницијатива за собирање потписи со цел поништување на Законот за попис, под мотото „Стави го својот потпис за вистински попис“. Партијата бара електронски попис, преку којшто, според нив, ќе се дојде до јасна слика колку луѓе има во државата.
Ново на Сител
-
Стефановски го собори македонскиот рекорд во скок со стап, стар 57 години
-
Путин не оди на самиот на БРИКС во Бразил заради опасност од апсење
-
Папа Лав Четиринаесетти: Парите одат кај „трговците со смрт“ наместо во болниците и училиштата
-
Приведени пет лица од Турција на македонско–грчката граница, оствариле нелегален влез во државата
-
Две деца се степале на игралиште во Аеродром
-
Кривична против 46-годишник од Пробиштип, со остар предмет се заканувал на неговата сопруга
-
65-годишна жена од Австралија прегазена во Охрид
-
Кривична против три лица од Струга, физички нападнале малолетник и му нанеле тешки телесни повреди