Заев: Не очекувам блокада од Бугарија за ЕУ
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека не очекува Бугарија да го попречува стартот на пристапните преговори на С.Македонија со ЕУ. Уште еднаш повтори дека идентитетските прашања, македонскиот јазик, македонскиот народ, се право на самоопределба, што не може да се оспорува.
– Уште еднаш напоменувам – идентитетските прашања, македонскиот јазик, македонскиот народ се право на самоопределба. Бугарија е европска земја и верувам дека во самите разговори, во самите документи е заради нивните напори, амбиции и оправдани желби да се најде заедничкото решение на заедничкото чествување на Гоце Делчев. Никако не очекувам да имаме пречки во тој дел заради тоа што дефинитивно од почетокот до ден денес Бугарија е еден од најголемите, ако не и најголем поддржувач на Република Македонија во интеграциите во ЕУ. Бугарскиот народ сака да помогне на македонскиот народ, македонскиот народ сака пријателски да биде определен кон бугарскиот народ и така ќе се движат и самите политичари или институции соодветно на желбата за пријателство и за уште поголема соработка, рече Заев, одговорајќи на новинарско прашање на денешното одбележување на Светскиот ден на наставниците на плоштадот „Македонија“ во Скопје.
Ново на Сител
-
Објавен тестаментот на папата Франциск
-
Ватикан: Причинaтa за смртта на папата Франциск е мoзoчeн удaр
-
Инстаграм воведува користење вештачка интелигенција за утврдување на возраста на корисниците
-
Вработени во РТС бараат утврдување одговорност за навреда кон студенти и оставка од одговорните
-
Путин е отворен за преговори со Украина за ненапаѓање на цивилни цели
-
На Табановце и Богородица се чека околу еден час за влез во државата
-
Како земјите ширум светот ја одбележуваат смртта на Папата
-
Мицкоски: Папата Франциск беше глас на совеста во време на глобални предизвици