Македонија
3. јуни 2021 - 13:17

Заев: Не ја сфаќам логичноста на Левица, таа испадна дека е и десница

Премиерот Зоран Заев денеска во врска со вчерашната блокада  на Законот за држаавјанство од страна на пратениците од „Левица“ изјави дека ќе се изнајде решение.

-Ќе се изнајде решение, навистина не ја сфаќам логичноста на Левица, таа испадна дека е и десница и контра за се, Законот за државјанство  е решение за сите кое е по европските стандарди и сега да се блокира не можам да сфатам, изјави Заев.