Заев: Наскоро почнува реализацијата на четвртиот пакет економски мерки
– Премиерот Зоран Заев денеска на Фејсбук напиша дека наскоро ќе започне реализацијата на четвртиот пакет економски мерки кој опфаќа директна помош за економијата и за граѓаните.
– Ги опфаќаме најсиромашните, за да ја зголемиме нивната потрошувачката моќ, но и на компаниите за да даваат плати. Ќе продолжи и помошта за платите во најпогодените сектори.
Ќе има стимулативни мерки и за враќање на отпуштени работници во време на кризата, затоа што сакаме тие што се отпуштени да се вратат на работа, особено кога има недостиг на квалификувана работна сила, напиша Заев.
Во статусот е наведено дека платежни картички ќе добијат пензионерите со пензии под 15.000 денари, голем дел од пасивните баратели на работа и самохраните родители, а се прават и проценки стечајните работници кои добиваат надоместок од 8.000 денари, да добијат уште еден вид на помош.
Паралелно со ова, Заев најавува и засилено финансирање на капиталните инвестиции во чија реализација ќе бидат ангажирани домашните компании.
– Активно работиме на процесот на гасификација, се заокружува примарниот прстен на гасоводна мрежа во државата и наскоро ќе бараме концесионер кој ќе доставува гас до домаќинствата и фабриките. Започнува проектот „Чебрен“, во вредност меѓу 600 и 800 милиони евра. Треба да започне реализацијата на Клиничкиот центар во Скопје во вредност од над 500 милиони евра, посочува Заев.
Ново на Сител
-
Хоспитализираниот тренер на Унгарија е во добра состојба, откако му се слоши на мечот со Холандија
-
Руската опозиција во Берлин ги организира првите антивоени демонстрации во странство
-
Мицкоски:Изразена волја од двете страни за доближување на ставовите во однос на каматата за унгарскиот заем
-
Почна шестчасовен протест во Нови Сад за трагедијата на железничката станица
-
Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина
-
Приведен крадец на електричен тротинет во Скопје, одземеното е вратено на сопственикот
-
Костадиновски: 33 години од донесување на првиот Устав, овој ден нека е потсетник на обврската да се сочува системот на вредности
-
Двајца жители на Чашка приведени од полицијата поради напад врз полициски службеници