Заев: Нашата намера не е да го укинеме предметот историја
Нашата намера не е да ги укинеме предметите историја, географија, физика или биологија во образованието. Фузирањето значи ефикасност, намалување на наставните содржини кои се вишок и не им се потребни на учесниците со цел да добијат дополнително можност за општествени и социјални дејности во рамки на времето кое го поминуваат во училиште, истакна премиерот Зоран Заев, појаснувајќи го новиот концепт на основно образование кој го најави Министерството за образование и наука, а кој изминатите денови предизвика реакција во јавноста.
Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција, Заев нагласи дека нема да се брза со оваа реформа, иако, како што рече, таа е важна и треба час поскоро да се започне. Премиерот посочи дека внимателно ќе се слушнат сугестиите од сите засегнати страни.
– Тука е експертската јавност, тука се универзитетите, тука се наставниците, професорите, но и стручните служби од МОН, Бирото за развој на образованието, Педагошката служба и сите релевантни институции за ова прашање, рече Заев.
Со новиот концепт за основно образование се планира спојување на историјата со географија и граѓанско општество, а на биологијата со физика и хемија.
Ново на Сител
-
Гаши за Сител: Стана традиција Албанец да е претседател на Собрание
-
На 30 јуни непосредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ
-
Бендевска: Преговорите меѓу ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ се во крајна финална фаза
-
Верижен судир кај Долно Косоврасти, повредено лице пренесено во болницата „Свети Еразмо“
-
Сиљановска Давкова: Преспанскиот договор е правен акт и реалност, ќе го почитувам
-
Мицкоски на средба со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“
-
Во прекин сообраќајот на патот Весилево - с.Градошорци поради сообраќајка
-
Северна Кореја лансираше неидентификувана ракета