Заев: „Најдоброто“ носи јасна идеја и план за развој на секој град и на целата држава
„Најдоброто” носи јасна идеја и јасен план за развојот на секој град, на секое населено место, на целата држава, а од другата страна, ДПМНЕ нуди огромна неизвесност, ризик, опасност и закана, за враќање во темното минато, порача денеска премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев од Демир Хисар на стартот на кампањата „Најдоброто за мојата општина“ на Коалицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз.
– На овие избори СДСМ и коалицијата ја има најдобрата понуда на домашната политичка сцена. Нашата најдобра понуда значи постојана отворена комуникација меѓу градоначалникот и вас, граѓаните, но значи и заедничко одлучување. Најдобрата понуда значи зелена агенда како врвен приоритет, брз локален економски развој и инфраструктурни инвестиции во сите општини и региони за рамномерен развој, нагласи Заев.
Тој потенцира дека голем дел од општините во изминатите четири години беа предводени од кадри на СДСМ, кои работеа посветено, вредно и напорно и таа силна динамика мора да продолжи.
– Служењето на граѓаните продолжува, а победата на овие локални избори ќе биде потврда и за политиките на централно ниво. Изборот на Најдоброто на овие избори, ќе ја повтори определбата на граѓаните да живеат во модерна европска земја, пријател на регионот и светот, истакна Заев, додавајќи дека овие избори се важни и за, како што рече, „неодговорната опозиција да не добие можност повторно да прави штета на локално ниво“.
Заев потенцира дека граѓаните одлучуваа на 17 октомври и со гласот за коалицијата предводена од СДСМ избираат „заедништво и развој, наспроти поделби и минато.
– На 17 октомври бираме отворени општини, ваши, наши. Убеден сум дека и овој пат ќе направите мудар избор и ќе одберете да продолжи развојот, да продолжи напредокот со СДСМ и коалицијата. Во Демир Хисар победува Најдоброто со Стевче Митревски. Во цела држава победува Најдоброто со Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, нагласи Заев во обраќањето на промоцијата на кандидатите за градоначалник и членови на Советот на Општина Демир Хисар на коалицијата предводена од СДСМ.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата
-
Вучиќ со одговор на Стејт департментот: Еве се дружам и пијам со Додик
-
Поведена истрага против осомничен за трговија со дрога и психотропни супстанции во Скопје
-
Стејт Департмент: Разочарани сме што две санкционирани лица ќе бидат министри во Владата на Србија
-
За влез во Грција се чека по 1 час
-
Единаесет грански синдикати во КСС нема да протестираат по повод Меѓународниот ден на трудот
-
Девојче со тешки телесни повреди пренесено во прилепската болница
-
Вметнувани страници во пасош, приведен швеѓанин на Табановце