-->
-->
Заев на средба со амбасадорот Герберих: Со пријатели како Германија сигурни сме дека ќе успееме на нашиот пат кон ЕУ
-->

На средбата. претседателот Заев истакна дека е голема чест тоа што го имавме господинот Герберих за амбасадор на нашиот голем пријател и партнер Германија во изминатите три години. Токму во тие три години Северна Македонија постигна голем напредок на сите полиња и достигна значајни успеси кои ја променија сликата за државата и во државата.
– По само три години од доаѓањето на власт на СДСМ државата стана 30та членка на НАТО и доби одлука за почеток на преговорите за членство во Европската унија после 15 години во чекалната. Во овие три години се забележа видлив раст во економијата, видливо подобрување на заштитата на слободите и правата на граѓаните, подобрување во судството и во борбата против корупцијата, решавање на долгогодишни спорови со соседите во интерес на сите. Во изминативе три години направивме многу, но свесни сме дека имаме уште многу напорна работа пред нас. Сепак, со пријатели како Германија сигурни сме дека ќе успееме во нашиот пат кон развој, напредок и членство во Европската унија, порача Заев
Доказ за нашето цврсто пријателство во изминативе години беше и посетата на канцеларката Ангела Меркел на Скопје во септември 2018 година како и неколкуте посети на претседателот Заев во Берлин на покана на канцеларката.
Претседателот Заев се заблагодари на личниот ангажман на амбасадорот Герберих за сите овие успеси додавајќи дека нашиот народ многу ја цени сета помош што Германија постојано ја пружа на нашата држава, а особено затоа што помошта несебично продолжува и во денешните тешки услови, во услови на пандемија на вирусот КОВИД-19.
Од страна на претседателот Заев беше потенцирана можноста за уште поголема соработка на Северна Македонија и Германија во економијата и отворање на уште повеќе можности за инвестирање на германските компании во нашата земја.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Израелската влада го одобри договорот со Хамас
-
Седумгодишно дете загина во руски напади во областа Запорожје
-
Без вода дел од корисниците на булеварите „Илинден“ и „ВМРО“
-
Дуел со Белгија за првото место во групата
-
САД преместуваат 200 војници во Израел за да го чуваат мирот
-
Уште денеска пријавување на немоќни и болни лица за гласање на локалните избори
-
Силен земјотрес со јачина од 7,6 степени го погоди јужниот дел на Филипините
-
Без струја корисници на улиците „Будимпештанска“ и „Урош Џудовиќ“ во Карпош