Заев: Младите да останат во Македонија
Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска имаше средби со граѓаните во Велес со кои разговарал за нивните проблеми, но и за планот на СДСМ за тоа како треба во иднина да се живее во Македонија.
- Најголемата болка на сите нас е нашите деца да останат овде. Јас имам ќерка средношколец, син во основно образование. Мојот план како родител е децата да се запишат на високо образование овде во Македонија, кога ќе завршат да се вработат овде во Македонија, да основаат свое семејство овде во државата, да ги гледам и моите деца и моите внуци овде околу мене. Сигурно тоа го посакува секој родител за своето дете. Јас го посакувам за сите наши деца, да останат овде, да гледаат живот овде во Македонија. Тоа е нашиот план. Имаме план за живот во Македонија, рече меѓу другото Заев.
Тој потенцира дека основа на планот на СДСМ е пренасочување на сите пари кон граѓаните.
Ново на Сител
-
Коалиционите партнери ги следат случувањата во „ВРЕДИ“
-
Еден месец по трагедијата во Кочани
-
Тема на денот со Ивона Тодорова од Support Kocani
-
Хуманитарен натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда
-
Таравари надвор од игра – од ВРЕДИ тврдат сам се исклучил од коалицијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден месец од трагедијата во Кочани
-
Под истрага десет полициски службеници за пожарот во кочанската дискотека