Заев: Македонија ќе ја биде, вечно ќе бидеме Македонци и ќе зборуваме македонски

„Татковината ќе ја биде. Македонија ќе стане членка на ЕУ и НАТО. Вечно ќе бидеме Македонци и вечно ќе зборуваме македонски јазик, порача изутринава преку Фејсбук премиерот Зоран Заев.
Пораката на Заев следува по вчерашната лидерска средба на која не беше постигнат договор за референдумот.
Лидерите на четирите најголеми политички партии во Македонија на средбата во Клубот на пратениците се договорија за изборот на ДИК, за Законот за финансирање на политичките партии и за техничка влада според Пржинскиот модел при идни парламентарни избори, но не успеаја да постигнат договор за референдумот.
Заев по лидерската средба изјави дека нема договор за референдумот за името со претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Изјави дека Мицкоски не сака Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО, и оти и покрај исполнувањето на трите барања од опозицијата, и покрај подадената рака да го убедат раководството на ВМРО-ДПМНЕ дека во овие историски моменти потребно е обединување во остварувањето на стратешките определби на граѓание, Мицкоски се обидел да избега од референдумот.
Заев најави дека референдумот ќе биде спроведен и без учество на опозицијата од која се бараше да го повика своето членство да не го бојкотира.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Иванка Василевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ
-

Преглед на вестите од светот
-

Ветото е моќна алатка - Бугарските европратеници остро против новиот пристап за проширување на ЕУ
-

Мицкоски охрабрен од новите предлози на Кос
-

Не помина предлогот за минималец од 600 евра - Од 105 присутни пратеници само 13 гласаа „да“
-

Инфлација од 2,7% во септември, измери статистиката
-

И догодина ќе точиме скапо гориво?
-

Судот му одреди мерки за претпазливост на вишиот обвинител од Битола
