Заев: Македонија и Бугарија ќе потпишат десет нови договори
Потпишувањето на договорот меѓу Македонија и Бугарија е сериозен чекор на лидерство, зaтоа што лидерите носат одлуки тогаш кога е потешко, истакна во денешното излагање премиерот Зоран Заев, кој беше гостин на работилницата што ја организира Институтот за политичари од Софија, а се одржува во Струмица.
- Прашањето е дали се има доволно храброст со јасна визија и перспектива пред себе да се носи одлуката. И во Македонија и во Бугарија договорот претрпува сериозни критики, но ние, како премиери на двете држави, верувавме дека поголеми и позначајни се придобивките кои ќе ги имаат државите и граѓаните, рече премиерот Заев.
Како што јавува МИА, тој нагласи дека на заедничката седница на владите на Македонија и Бугарија што ќе се одржи на 23 ноември во Струмица, врз основа на договорот за меѓусебна соработка, ќе бидат потпишани уште десет нови договори.
- Нашите влади ќе потпишат нови десет договори со нашите колеги од Бугарија. Тука може да има корист и полза за секој граѓанин од двете држави. Може да има повеќе пари преку отворање нов бизнис, нова културна или спортска соработка, од областа на образованието, туризмот, енергетиката и севкупната економија, рече Заев.
Смета дека ако Франција и Германија како непријатели во минатото, можеле да изградат нови перспективи денес, тоа треба да се случи и на Балканот.
- Одредени работи во договорот заслужуваат дебата и така треба да биде, затоа што преку дебата и критика тоа е добро за нас политичарите, но засега гледам само придобивки од договорот. Пред нас е и енергетското поврзување со Бугарија преку гасоводот и користењето бугарски гас, од кој корист ќе имаат двете економии, рече Заев.
Пред младите и идни политичари од Бугарија, премиерот Заев рече дека лидери има и во семејството и во партијата и во државата.
- Понекогаш може најлесно е да се одложи носењето одлука, тогаш нема никој да не критикува и ќе преживееме, но тогаш стоиме во место. Затоа, лидерите институциите треба да носат одлуки, зошто нивното неносење може да предизвика далекусежни последици, додаде Заев
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228