Заев: Компромис за стратешките цели нема, амнестија директна или индиректна нема
Преговорите меѓу лидерите на политичките партии околу прашањето за референдумот и формирањето на Државната изборна комисија (ДИК) продолжуваат во недела навечер или понеделник наутро, истакна премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев по завршувањето на денешната лидерска средба.
- Стратешка цел на Република Македонија е полноправно членство во ЕУ и НАТО, компромис за стратешките цели нема. Амнестија директна или индиректна нема. Ќе им дадеме шанса на разговорите доколку тоа е можно, рече Заев, по четиричасовната средба во Клубот на пратениците на која присуствуваа и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ , ДУИ и БЕСА, Христијан Мицкоски, Али Ахмети и Билал Касами.
Тој потенцира оти очекува од разговорите да произлезе договор и за формирање и имплементација на ДИК. Потенцира оти има прашања за кои елесно да се постигне договор, но и такви за кои процесот е потежок.
Заев напомена оти целта е да се спроведе успешен рефенреднум бидејќу целокупниот процес е временски одреден со оглед на тоа што од успешниот референдум зависат натамошните уставни измени кои пак се предуслов Грција да го ратификува договорт за името во својот Парламент.
Ново на Сител
-
Анкета: Мнозинство Германци поддржуваат враќање на воениот рок
-
Макрон и натаму загрижен поради „Хамас“ и покрај примирјето во Газа
-
Бајден и Клинтон го пофалија Трамп за улогата во постигнувањето на прекин на огнот во Газа
-
Милевски: Кога ќе видам дека сите се разочарани по реми, тоа ми кажува дека имаме карактер и квалитет
-
Без струја дел од Аеродром и Карпош
-
Последни четири дена од изборната кампања
-
Словачкиот претседател Пелегрини во официјална посета на земјава
-
Сончево со температура до 23 степени