Заев ќе се обрати пред Европскиот парламент

Премиерот Зоран Заев денеска треба да се обрати на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур.
Заев синоќа на собирот во Крива Паланка најави дека во ЕП ќе зборува за перспективите на Македонија. Се очекува да се осврне и на договорот со Грција, претстојниот референдум и за реформите поврзани со интеграцијата на земјата во Европската унија.
Пред два дена во ЕП обраќање имаше и грчкиот премиер Алексис Ципрас. Тој ги истакна дипломатските успеси на неговата влада во регионот, нарекувајќи го Преспанскиот договор „врвот на нашите напори“.
- Со премиерот Заев успеавме да стигнеме до заеднички прифатливо решение без употреба на сила, туку преку дипломатија и дијалог. Овој договор може да биде модел за решавање на споровите во нашиот регион, изјави Ципрас пред европратениците.
Ново на Сител
-

Унијата ќе воведе радикални мерки за штедење
-

Сејф сити: Зголемен бројот на прекршоци во март во споредба со февруари
-

Објавен оглас за прием на нови 300 професионални војници - армијата го одбележа денот на Првата пешадиска бригада
-

Ахмети: Секој што ќе го допре албанскиот јазик ќе добие одговор
-

Стартува изградбата на далекуводот Битола - Елбасан
-

Иднината на работата во ерата на вештачката интелегенција
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжува судењето за самоубиството во Карпош
