Македонија
23. January 2019 - 10:51

Заев: Ќе бидам прв со двојазичен пасош во Северна Македонија

Премиерот Зоран Заев, вчера во интервју за АлсатМ, рече дека тој веројатно ќе биде првиот кој ќе добие двојазичен пасош, согласно Законот за употреба на јазиците и кој ќе се води на новото име на државата, Република Северна Македонија.

Во текот на целото интервју, Заев немаше проблем да го користи скратеното име Северна Македонија, а на крајот од интервјуто на одјавата на новинарот во која му се заблагодари на Премиерот на Република Северна Македонија за учеството во емисијата, Заев рече дека официјално тој сѐ уште е премиер на Република Македонија.