Заев: Капиталните инвестиции во Предлог – буџетот за 2022 на историски највисоко ниво од 37,8 милијарди денари
Капиталните инвестиции значат живот за националната економија. Градиме инфраструктура, се поврзуваме со соседите и со регионот. Во Предлог-буџетот за 2022 година капиталните инвестиции се планирани на историски највисоко ниво од 37,8 милијарди денари и се повисоки од буџетскиот дефицит, пишува на службениот фејсбук профил на премиерот Зоран Заев.
-За патната инфраструктура само за Коридорот 8 издвоени се 6 милијарди денари. Вложуваме во изградба на нови автопатски делници: Тетово – Гостивар – Букојчани и Требеништа – Струга – Ќафасан. На Коридорот 10-д предвидена е изградба на делницата Прилеп – Битола.
Продолжуваме со изградба на автопатската делница од Кичево – Охрид, Скопје – Блаце, експресните патишта: Градско – Дреново, Дреново – Фариш, втората фаза на Штип – Радовиш, понатаму Крупиште – Кочани, како и експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, се наведува на фб статусот на премиерот Заев.
Дополнително, се посочува, преку Јавното претпријатие за државни патишта, продолжуваме со рехабилитација на магистралните патни правци.
-Во делот на железничката инфраструктура во 2022 година, започнуваме и со изградба на пругата кон Бугарија, делницата Куманово – Бељаковце – Крива Паланка, финансирана од Европската банка за обнова и развој и со грант од Европската Унија. Интензивно работиме и на обезбедување на финансиска конструкција и за третата фаза од пругата кон Бугарија, од Крива Паланка до Деве Баир. Силно сме посветени на модернизација на Европските коридори и на економскиот развој на Македонија, стои на фб профилот на премиерот Зоран Заев.
Ново на Сител
-
Наумовски: Нејасно е како Брисел нема план б за Македонија, како за Украина и покрај отстапките
-
Тема на денот со Зоран Јовановски, економски аналитичар
-
ЕУ нема ,,план Б" за европските интеграции на Македонија - Кошта вели: Што е договорено, е договорено
-
Таравари со оставка од министер, Вреди направи пратеничка група без Алијанса
-
Крешник Бектеши оди во куќен притвор
-
ДЗР: 457 лица загинале за 4 години во сообраќајки, пишани над 86 илјади казни за возење без дозвола
-
И државна помош и работа – се крои нов закон за социјалците
-
СДСМ: Цените растат – власта нема решение