Заев: Јас ќе продолжам да разговарам по телефон со сите претседатели и премиери

Премиерот Зоран Заев ја потврди информацијата од руските комичари дека и тој нив ги барал на телефон мислејќи дека е Петро Порошенко. Заев останува на ставот дека нема да поднесе оставка и изјави дека нема да бара одговорност од службите во Владата. Пред новинарите го извади својот мобилен телефон и рече:
– Комуникациите носат информации и тие помагаат во одлучувањето, растот и напредокот на мојата земја. Нема протокол што мене може да ме ограничи ако сакам да ви се јавам вас или на премиерот Харадинај, на премиерката Брнабиќ, да се јавам на премиерот Андреј од Хрватска или на кој било од целиот наш регион, изјави Заев.
Во телефонската комуникација информациите кои ги споделил за Косово, и по барањето на косовската позиција за предвремени избори во Косово.
По ваквите изнесени информации Заев вели дека за oпштините за кој тој разговарал му се информации од медиуми, а не од официјални извори и не гледа ништо спорно во тоа.
Прашан дали ќе реагира на изјавата на бугарскиот премиер Бојко Борисов, премиерот Заев, рече дека секако реагира и веќе е испратена нота, за да може секако да се исправат грешките.
– Некогаш дури и дома се случуваат грешки. Ние сме Македонци, кои што живееме во Северна Македонија, изјави Заев.
Ново на Сител
-

Изборен молк
-

Гласаат изнемоштени, болни и затвореници
-

Цеца на концерт во Велес развеа бугарско знаме
-

Бугарија забрани извоз на нафта, Македонија нема да биде погодена од ваквата мерка
-

Македонски Каритас преку проект ги мотивира младите за кариерен развој
-

Дневно во Клиниката „Козле“ имаат по 150 прегледи на болни деца
-

Рапиден раст на бројот на пациентите со мозочен удар
-

Балканскиот рис исчезнува
