Заев-Јанакакис: Позитивна атмосфера за градење доверба и продлабочување на соработката

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Грција во Македонија, Димитрис Јанакакис, на која, како што соопшти владината служба за информирање, разговарале за можностите што ги отвораат политиките на пријателство и на соработка во духот на меѓусебно почитување, што ги покажуваат владите на двете земји.
Констатирано е дека е создадена позитивна атмосфера за градење доверба и за продлабочување на соработката меѓу Македонија и Грција, за што постои изразена волја од двете страни.
- Пративме позитивни сигнали за добрососедска соработка, затоа што новата Влада е определена кон примена на европските вредности и на политики на градење мостови. Добиваме назад позитивни сигнали од нашите соседи, што го сметаме за голем исчекор во развојот на добрососедските односи и во отворањето перспективи за граѓаните и за Република Македонија, рекол на средбата премиерот Заев.
Повторил дека стратешки определби на Македонија се членство во Европската унија и во НАТО. Новата Влада, соопштил, е силно фокусирана кон потребниот реформски процес за евроатлантските интеграции, преку усвојување конкретен Акциски план, што одразува колку сериозно е посветена да го подигне квалитетот на живот на граѓаните и да обезбеди напредок на државава. - Премиерот Заев и во оваа прилика изрази надеж дека по Црна Гора, Македонија ќе биде следната земја членка на НАТО, стои во соопштението.
Грчкиот амбасадор Јанакакис, пак, според соопштението, изразил подготвеност за соработка меѓу двете земји на различни нивоа. Во таа насока, на средбата се разгледани и можностите, освен за унапредување на политичката клима на доверба, и за интензивирање на соработката меѓу Македонија и Грција на полето на економијата и инвестициите, културата, образованието, екологијата, туризмот, енергетиката, што се практична потреба на граѓаните на двете земји, соопшти службата за информирање на македонската Влада.
Ново на Сител
-

Вон контрола пожарот на грчкиот остров Крит во кој загинаа двајца пожарникари, а беа евакуирани села и 29 лица по морски пат
-

Дрон удри танкер за превоз на гас во египетско медитеранско пристаниште
-

Шумски пожари предизвикаа евакуации ширум Турција додека жештината и ветрот ги разгоруваат огнените стихии
-

Зеленски понуди помош од Украина за гаснење на пожарите во Франција
-

Македонските одбојкари против Грција на отворањето на Медитеранските игри
-

Израел: Хезболах изврши прв напад со дрон по прекинот на огнот од 19 јуни
-

Кампања на МВР и РСБСП: Не користи мобилен телефон додека возиш
-

УЕФА ги повика членките на итен состанок, меѓу темите и можен бојкот на Светското првенство
