Заев: Имаме предност од 3 пратеници

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференција во хотелот „Белви“ изјави дека во моментов СДСМ и коалицијата „Можеме“ има предност од над 3 пратенички мандати, со можност за уште еден или два повеќе.
„Нашата коалција е победничка на овие избори. Излегоа граѓаните и гласаа за ред, правда, подобро денес и подобро утре. Имавме мирни, достоинствени, слободни, фер и демократски избори. Концептот парите кај граѓаните го порази концептот обнова на режимот.
Тој изјави дека го разбира ставот на граѓаните што не излегле на изборите.
„Знам дека тие луѓе сакаат поголема правда и јас им ветувам дека ќе има правда, ќе направам се нивниот став гласно да го кажат веќе на следните избори. Патот е исправен, но мора да се работи уште повеќе и уште посилно. Ви ветувам дека тоа ќе го правиме во иднина, ќе растата платите, парите ќе се враќаат кај граѓаните“, рече Заев, кој додаде дека ќе подадат рака на секој на кој му е потребна поддршка.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Перпарим Бајрами се предаде на полицијата по речиси две години бегство
-

Истражување - Македонските ученици се полуписмени
-

Мицкоски: Сите настани за независноста ги чинеа граѓаните нула денари
-

Мицкоски и СДСМ во нова политичка препирка по пораката за „талогот“
-

Нафтата надмина 100 долари за барел - премиерот најави мерки, ако поскапувањето на горивата продолжи
-

Пола милијарда долари во зелена енергија
-

Михаил спаси семејство од давење
