Заев им го честита Меѓународниот ден на Бошњаците

Премиерот Зоран Заев во свое и во име на Владата им го честиташе денеска Меѓународниот ден на Бошњаците на сите припадници на бошњачката заедница во Македонија.
Тој им се заблагодари на припадниците на оваа заедница за тоа што придонесуваат за соживотот и развојот на Македонија и им порача да продолжиме заедно да ја градиме земјата во напредна држава и дом за сите.
- Упатувам искрени честитки до граѓаните во нашата држава за Меѓународниот ден на Бошњаците. Бошњачката заедница во Република Македонија дава активен придонес во демократските и општествените процеси, а со тоа и во напредокот и во развојот на Република Македонија. Низ пријателството и толеранцијата, грижата и разбирањето, трудољубивоста и соживотот кон што сте определени, вие почитувани граѓани, имате значајна улога во изградбата на Република Македонија во едно општество за сите и дом за сите граѓани, се вели во честитката.
Тој посочи дека бошњачката традиција е значаен дел и од културно наследство во Република Македонија и тоа богатството на различности е голема придобивка со која Македонија се гордее пред светот, а треба да сме горди и сите ние.
- Покажавме дека заедно можеме да ги менуваме работите на подобро. Се обединивме заедно во Македонија. Следниот наш чекор е да ја обединиме Македонија во евро-атлантското семејство, таму каде што припаѓаме како граѓани, независно на која етничка заедница припаѓаме. Ве повикувам да продолжиме да работиме заедно, да си помагаме и да се почитуваме. Ви благодарам што придонесувате во заложбите за квалитетен живот на сите граѓани во Македонија и за просперитетот на Република Македонија, се додава во честитката
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
