-->
-->
Заев и Мицкоски на прием на Холштајн по повод изборите во Германија
-->
Премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вечерва се меѓу гостите на германската амбасадорка Анке Холштајн која приреди прием по повод парламентарните избори во Германија.
На фотографија објавена на фејсбук профилот на Дојче веле, Заев и Мицкоски се во друштво на амбасадорката Холштајн.
– Изборите во Германија вечерва ги споија премиерот Зоран Заев и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Во друштво на амбасадорката Анке Холштајн, со колбаси и пиво се следат резултатите од изборната драма во Германија, пишува во ФБ објавата на ДВ.
Меѓу гостите се и шефот на дипломатијата Бујар Османи, евроамбасадорот Дејвид Гир и други странски амбасадори.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Промоција на противпожарни возила во Криволак
-
Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка
-
Малолетниците во просек до пет часа дневно на интернет
-
Во поплавите во Тексас загинаа над 50 луѓе
-
На ГП „Богородица“ се чека од 30 до 40 минути
-
Маск формира нова политичка партија во САД
-
Во Рио де Жанеиро се одржува 17 Самит на БРИКС
-
ЦУК: Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат