Средба на премиерот Заев со јапонската амбасадорка Ханеда
Во Владата на Република Македонија денеска беше остварена средба меѓу премиерот Зоран Заев и новата резидентна амбасадорка на Јапонија, Кеико Ханеда.
На средбата, соопшти владината прес-служба, јапонската амбасадорка ги пренесе честитките од јапонскиот премиер Шинзо Абе, до премиерот Заев за стапувањето на функцијата претседател на македонската Влада, а беше изразена и силна поддршка од Јапонија за определбата на Владата на Македонија кон демократските реформи.
- Владата има за цел спроведување силна реформска агенда што ќе ги забрза интеграциите на Република Македонија во ЕУ и НАТО, но којашто е пред се, примарен интерес на граѓаните на Македонија, за обезбедување квалитетен живот за сите во државата, истакна премиерот Заев.
Јапонската амбасадорка нагласи дека Јапонија ја поддржува Македонија во евроатлантските аспирации и додаде дека ќе продолжи да го помага развојот на Македонија во разни области, посебно во локалните средини.
На средбата е заклучено дека одлуката на Јапонија да отвори резидентна амбасада во Република Македонија е знак за позитивните односи меѓу двете земји и изразена е согласност од двете страни дека се создадени можности да се продлабочи соработката како во областите на економијата и трговијата, така и во образованието, туризмот и културата. бак/са/13:53
Ново на Сител
-
Муцунски: Владините политики за извоз даваат резултати, раст од 23,44 проценти во мај
-
На преминот Ќафасан уапсен жител на Кичево баран со меѓународна потерница
-
Промоција на противпожарни возила во Криволак
-
Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка
-
Малолетниците во просек до пет часа дневно на интернет
-
Во поплавите во Тексас загинаа над 50 луѓе
-
На ГП „Богородица“ се чека од 30 до 40 минути
-
Маск формира нова политичка партија во САД