Заев и Ципрас ќе бидат наградени на Минхенската безбедносна конференција
Наградата „Ewald von Kleist“ на Минхенската безбедносна конференција, оваа година, ќе им биде доделена на Зоран Заев и Алексис Ципрас за Договорот од Преспа, објави „Дојче Веле“ на грчки јазик.
Претседателот на конференцијата, Волфганг Ишингер на неговиот официјален Твитер профил на 25 јануари, кусо откако Преспабнскиот договор беше ратификуван од грчкиот Парламент, напиша дека „ двајцата премиери ќе бидат поканети на 16 февруари во Минхен да ја примат престижната награда“ за време на 55-та конференција, јави дописничката на МИА од Атина.
Портпаролот на Минхенската безбедносна конференција што ќе се одржи од 15 до 17 февруари, вчера за „Дојче веле“ потврдил дека и Заев и Ципрас ја прифатиле поканата.
Наградата се доделува од 2009, а меѓу досегашни добитници се Хавиер Солана, Јоаким Гаук и ОБСЕ.
-Со доделувањето на наградата на Алексис Ципрас и Зоран Заев, Минхенската конференција за безбедност ја признава важноста на Договорот од Преспа за безбедноста и стабилноста и на Балканот, но и во Европа, пишува „Дојче веле“ на грчки јазик.
Дел од медиумите во Грција во изминатите денови пишуваа дека токму на маргините на конференцијата во Минхен, двајцата премиер можно е да одржат билатерална средба, пренесува МИА.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот