Заев и Царовска на ПМФ: Стратегија на Владата е повеќе пари за наставно-научниот кадар
Премиерот Зоран Заев и министерката за образование и наука Мила Царовска денеска го посетија Природно-математичкиот факултет и на средба со деканот Александар Скепаровски и продеканите разговараа за усвојувањето на Колективниот договор за високо образование и наука. Притоа премиерот Заев рече дека конечно е постигнат договор кој неколку претходни влади не успеја да го остварат.
– Ние во последните две-три години, низ инклузивна размена на мислења со управите на високообразованите институции и со синдикатите, успеавме да го доведеме до неговата завршница. Со Колективниот договор е предвидено и зголемување на плататa на наставниот и ненаставниот кадар во 2021 година и во 2022 година. Со стабилизацијата на економската ситуација од последиците од панедмијата со КОВИД-19, ваквата динамика на раст на платите ќе продолжи и до 2025 година, истакна Заев.
Како што соопшти владината прес-служба, со Колективниот договор првпат по 30 години се уредува системот на плати во високото образование и се спречуваат неизвесностите на кои со години беа изложени научниот, наставниот и ненаставниот кадар во високото образование. Дополнително, колективниот договор првпат ја уредува и основната бруто-плата со коефициент на сложеност на работното место во високото образование.
– Едно од позабележителните постигнувања со овој Колективен договор е и уредувањето на исплатата за минат труд, кој во изминатиот десетгодишен период или не се исплаќал или се исплаќаа со големи тешкотии од страна на високообразовните установи, нагласи Заев.
Министерката Мила Царовска посочи дека продолжуваат инвестициите во науката, додавајќи дека оваа во споредба со минатата година има 12 отсто повеќе финансиски средства за наука и дека во идниот период ќе се работи на системско финансирање на лабораториите коишто се акредитирани.
– Оние кои не се акредитирани да успееме да станат акредитирани на факултетите и да продолжат да создаваат наука којашто е апликативна и ќе приденесе за целокупниот развој на нашата држава, рече Царовска.
Како што наведува прес-службата на Владата, министерката нагласи дека Колективниот договор е големо достигнување и очекува наредната недела да биде потпишан со синдикатите.
– Овој Колективен договор првпат ја уредува основната бруто-плата во високото образование, којашто 30 години не била утврдена и ги утврдува коефициентите на сложеност на работните места коишто се во високото образование. На тој начин се обезбедува квалитет во високото образование, но и конечно да имаме поорганизиран систем којшто тековно ќе може да се опслужува со согласности за вработување и да не се доведуваме во ситуација во којашто кога одреден процент на професори ќе се пензионираат да немаме можност за нивна замена, за одредена научна дисциплина да продолжи да се остварува на факултетите, потенцираше Царовска.
Деканот на Природно-математичкиот факултет Скепаровски, како што е наведено во соопштението, рече дека е остварена средба на која се разговараше за прашања кои се исклучително важни, како што се инвестициите во високото образование, особено важни за континуирано финансирање во инфраструктурата на факултетите и истражувачки капацитети, и дека тоа што почна минатата година ќе биде процес кој ќе тече и следните години.
Ново на Сител
-
Костадиновски: Одлуката на ДИК да оди со два потписи, која не претставува ограничување, фактички претставува и имплементација на одлуката на Уставниот суд
-
Студија: Како последица на жештините летово во Европа починале 16.500 лица
-
ДНК на паун-пајакот нуди изненадувачки нови научни сознанија
-
MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите
-
Тетовчанка измамена за 500 евра - ја убедиле дека ќе ѝ завршат работа да прима социјална помош
-
Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК
-
Мицкоски: Опозицијата се занимава со лаги за пожарите, мислејќи дека ќе добие политички поени
-
Извршен увид на местото на пожарот во Трубарево, продолжен притворот на четворицата осомничени