Македонија
19. August 2020 - 23:43

Заев ги потврди имињата за предложените министри од СДСМ

Новата владата ќе има 7 министри помалку од претходната која броеше 26.  Заев премиер и 19 министри ќе го сочинуваат идниотt владин кабинет. Од коалицијата „Можеме“ ова е предлогот кој денеска беше усогласен на средбата на претседателот на СДСМ Зоран Заев со лидерите на партиите од коалицијата. А СДСМ вечерва на седница на Централниот одбор ја утврди својата предлог листа.

Претседател на владата – Зоран Заев

Потпретседател на владата за борба против корупцијата и криминалот- Љупчо Николовски

Потпретседател на владата за европски политики-Никола Димитров

Потпретседател на владата за економски политики- Фатмир Бетиќи

Министерство за внатрешни работи – Оливер Спасовски

Министерство за одбрана – Радмила Шекеринска

Министерство за здравство – Венко Филипче

Министерство за образование – Мила Царовска

Mинистерство за транспорт и врски – Благој Бочварски

Министерство за култура – Ирена Стефовска

Министерство за правда – Бојан Маричиќ

Mинистерство за труд и социјална политика – Јагода Шахпаска

Министерство за земјоделие ( кадар од Беса )

Министерство за локална самоуправа ( кадар од ЛДП )

„Од 19 министри, СДСМ има 11 министри, од кои што 8 се министри со ресор, плус 3 потпретседатели на влада кои се предлагаат како министри без ресор со надлежност која владата ја дава во областите кои што ги спомнав. Од 8  министри со ресор 4 се жени, 4 се мажи. Остануваме доследни да испратиме порака на еднаквост помеѓу мажите и жените“ рече Заев.