Заев: Договорот ќе донесе благосостојба за сите Македонци, посебно во Грција
Убеден сум дека Договорот за името ќе донесе благосостојба за сите што се чувствуваат Македонци посебно во Грција заради тоа што тие и досега немале никакви придобивки, рече премиерот Зоран Заев на попладневниот дел од седницата за пратенички прашања во одговор на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски и содржината на член 4 став 3 од Договорот за името со Грција.
Порано, дополни, имаше и ветувања за адвокати за враќање на имотите, но ниту една држава не може тоа да го направи бидејќи е недозволиво со меѓународните договори.
- Но, секако водењето грижа за својата дијаспора ќе биде членот којшто апсолутно ќе биде променет. Во најмала рака онака како што Грција води грижа за својата дијапсора, така и ние. Ќе направиме унифицираност заради тоа што сакаме да градиме пријателство и заради тоа што нашата тенденција е да бидеме полнопранва членка на ЕУ, рече Заев.
Појаснувајќи го членот 4 од Договорот во однос на немешањето за националните малцинства, Заев рече дека од самостојноста досега Македонија досега не се мешала во заштита на страната на националните малацинства внатре.
- Немаме намера да се мешаме и интервенираме во сувереноста на друга земја, ниту пак ќе дадеме некој кај нас да се меша, но истовремено нашите малцинства секаде каде и да се во светот си ги имаат правата како што секое малцинство или дијаспора насекаде во светот го има. Од тој апсект, адаптирањето на тој член се однесува за малцинства и ќе биде само универзален аспект на земјите членки на ЕУ. Најмалку ќе имаме тоа што Грција го има во својот Устав. Како таа води грижа за својата дијаспора. И ние тоа ќе го добиеме. Она што е останато од нашиот Устав води неколку чекори понатаму и може во иднина да предизвика одредени иритации, одредени нови проблеми, коишто не ни требаат. Тука треба да се следи духот на пријателството, рече Заев.
Појаснувајќи му ги на Илиоски причините зошто го променил ставот дека нема да се менува уставното име на државата Заев рече дека направил компромис во име на крупните одлуки за членството во НАТО и ЕУ како стратешките цели на државата.
Заев, меѓу останатото, нагласи дека е добро да се отвора дебата за суштинските делови од Договорот, со што граѓаните би го разбрале подобро за изјаснување на референдумот.
Ново на Сител
-

Угостителски услуги во мај на годишно ниво поскапи за 2,6 отсто
-

Француско-германски нон пејпер предлага постепена интеграција на Западен Балкан во ЕУ пред полноправното членство
-

Рокас: Заложбите од 2022 година треба да се спроведат, се надевам на контруктивност од соседите и ЕУ во наредните месеци
-

Со изведување материјални докази продолжува судењето против 13 полицајци за пожарот во „Пулс“
-

Во август излегува албум на Принс со досега неиздадени песни
-

Николоски: Набавуваме нови 49 возила и опрема за одржување на хигиената низ општините, најголема поддршка од Владата досега
-

Австралија заплени рекордни 100.000 илегални егзотични лебарки
-

Почна доброволното служење воен рок за жени во Грција со 72 кандидатки
