Заев до Ципрас: Сочувствуваме со семејствата на загинатите во поплавите и ви нудиме наша помош
Премиерот Зоран Заев испрати писмо со сочувство до својот грчки колега Алексис Ципрас, по трагичните последици од катастрофалните поплави во неколку градови во Грција.
Во писмото Заев истакнува дека сочувствува со семејствата и роднините на загинатите, повредените, како и со граѓаните погодени од поплавите, соопшти владината прес-служба.
- Би сакал да ја нагласам нашата подготвеност да ви понудиме секаква помош во овие тешки времиња за вашата земја. Нашата Влада и нашата држава се посветени на одржување на добрососедските односи и затоа ви ја нудиме нашата поддршка во овие несреќни моменти, се вели во писмото на Заев до премиерот на Грција.
Премиерот Заев во писмото изразува надеж дека соседна Грција ќе ги надмине и ќе ги санира последиците од оваа голема природна катастрофа.
Ново на Сител
-
Зошто нема организиран превоз за лица кои одат на дијализа во ГОБ 8-ми септември?
-
Нова компресорска станица на Клинички
-
Еуроактив: Нема преговори меѓу Софија и Скопје, македонската влада сепак дава шанса на дијалогот
-
Преглед на вестите од светот
-
Избран нов Виш обвинител во скопското обвинителство
-
Нова компресорска станица на скопските клиники
-
Безбеден интерент за младите
-
Во ера на дигитализација младите не спортуваат