Заев: Дискриминацијата базирана на сексуална ориентација или родов идентитет е неприфатлива за Македонија
Дискриминацијата базирана на сексуална ориентација или родов идентитет е неприфатлива за Македонија, држава како дом во кој сите се еднакви, напиша денеска на Фејсбук премиерот Зоран Заев по повод 17 Мај, Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и биофобијата.
-Денеска е Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата. Убав ден да застанеме во заштита и да им оддадеме почит на сите што ги бранат и промовираат правата на припадниците на ЛГБТИ заедницата. Да порачаме дека во борбата за еднакви можности, без оглед на сексуалната ориентација или родовиот идентитет, секој може да го даде својот придонес, напиша Заев.
Премиерот додава дека солидарноста и промоцијата на правата за сите луѓе што припаѓаат на ЛГБТИ заедницата и на сите обесправени групи и ранливи категории, е суштинска одлика на нашиот концепт „Едно општество за сите“.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп