Заев: Демократијата на едно општество зависи од слободата на медиумите

Демократијата и слободата на едно општество зависат од слободата на говорот и на медиумите. Република Македонија е демократска земја, во која владее правото и во која целосно се почитуваат слободата на говор и на слободно изразување. Медиумите во земјава треба да работат ослободени од какви било притисоци, да ги информираат граѓаните навремено, точно и без цензура, наведува премиерот Зоран Заев во пораката по повод 3 Мај - Светскиот ден на медиумска слобода.
- Цела деценија во нашата држава новинарите беа злоупотребувани, напаѓани, цензурирани и спречувани во својата работа. Беше потисната основната медиумска слобода. Оваа состојба беше и причина за неинформираноста на голем дел од нашите граѓани со што директно беа загрозени основните темели на нашата демократија. Ние како отворена, транспарентна и демократска влада целосно ја почитуваме слободата на медиумите и укажуваме на важноста медиумите да работат пред сè за граѓаните и во интерес на владеењето на правото и демократијата, а не за нечии лични интереси, истакнува Заев.
Тој на сите новинари во Република Македонија им го честита овој ден и ги поттикнува да работат посветено и одговорно.
- Да ја надградуваме нашата демократија и да ги почитуваме фундаменталните човекови слободи и заедно да можеме достоинствено да кажеме дека сме модерна европска демократска држава, наведува Заев во пораката по повод Светскиот ден на медиумска слобода, обајвена на неговата Фејсбук страница.
Ново на Сител
-

Од недела дожд и пониски температури
-

Адеми: Не е точно дека Али Ахмети се повлекува
-

Премиерот на Сингапур: На светот му се заканува глобален економски хаос
-

Одложено рочиштето против мотоциклистот кој смртно прегази пешак во близина на Паркот на Франкофонијата
-

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е во паника дека СДСМ ќе освои повеќе општини отколку тие во 2017
-

Димитриевски: Повеќе од јасно е дека Куманово сака да продолжам да го водам и натаму
-

ВМРО-ДПМНЕ: 10:1 е соодносот со СДС по освоени општини во првиот круг
-

Путин: Советниците на Трамп кои бараат санкции за нафтената индустрија на Русија работат против САД
