Заев - Данчила: Романија останува посветена на поддршката на Западен Балкан
Во рамки на еднодневната посета на Софија по повод Седмиот самит на шефови на влади од процесот на соработка на Народна Република Кина со земјите од Централна и Источна Европа (16+1), премиерот Зоран Заев и македонската владина делегација остварија средба со премиерката на Романија, Виорика Данчила и со романската владина делегација.
Како што соопшти владината прес-служба, премиерката Данчила изразила силна поддршка за евроатлантските аспирации на Република Македонија и во тој правец порачала дека Романија како претседавач со Европската унија од јануари 2019 останува посветена на поддршката за земјите од Западен Балкан.
Премиерката Данчила ја нагласила цврстата определба Романија да и помогне на Република Македонија со советодавна и техничка помош во предпристапниот процес.
Во однос на претстојниот Самит на НАТО којшто ќе се одржи следната недела во Брисел, премиерот Заев рече дека Република Македонија очекува покана и почеток на пристапни разговори за членство во НАТО алијансата, а поддршката што Романија и ја пружа на земјата во овој процес ја оцени како исклучително важна.
На средбата се разговарало за иницијативата за заедничка организација на Бизнис форум како чекор којшто ќе води кон интензивирање на економските релации и билатералната соработка помеѓу двете земји
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
